ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Дачиќ: Невозможна мисија е признавањето на Косово

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ денеска изјави дека средбата во Берлин не е нов формат на дијалог меѓу Белград и Приштина, бидејќи дијалог не постои.

„Тие не зборуваат за дијалог, а дијалогот за нив е ние да го признаеме Косово. Нашата позиција е непроменета – да го признаеме Косово тоа е невозможна мисија“, нагласи Дачиќ во изјава за РТС.

Лидерите на Западен Балкан се сретнаа во Берлин на самитот кој се одржа на иницијатива на францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларката Ангела Меркел, на кој присуствуваше и високата претставничка на Европската унија Федерика Могерини.

Please follow and like us:
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.