ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Дан Тимотин нов генерален директор на Пивара Скопје

Bottles of Coca-Cola, which will be delivered to stores, are seen in a warehouse at the Swire Coca-Cola facility in Draper, Utah in this March 9, 2011 file photograph. Coca-Cola Co's quarterly profit missed Wall Street estimates by a penny, hurt by lost revenue in Japan, and its shares fell 1.4 percent in premarket trading. Coke, the world's largest soft-drink company, said on April 26, 2011 net income rose to $1.9 billion, or 82 cents per share, in the first quarter, from $1.61 billion, or 69 cents per share, a year earlier. REUTERS/George Frey/Files (UNITED STATES - Tags: BUSINESS FOOD)

Нов генерален директор на Пивара Скопје е Дан Тимотин, кој доаѓа на оваа функција од позицијата менаџер за продажба за Романија. Тој го наследи Владимир Косијер, кој заминува на нова раководна функција во системот на Coca-Cola HBC, како менаџер за продажба за Русија.

Од компанијата информираат дека Тимотин е искусен менаџер кој уште од 2011 година ја гради својата професионална кариера во системот на Coca-Cola HBC, извршувајќи различни лидерски функции во секторите за финансии и продажба.

– Доаѓањето на чело на тимот на Пивара Скопје е голем предизвик за мене, на кој јас искрено се радувам. Свесен сум за досегашната богата традиција, извонредните успеси и големиот придонес и значење што оваа компанија го има за целата земја. Лично се уверив и во високите квалитети што ги поседуваат вработените во Пивара Скопје, изјави Тимотин.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.