ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Дали отфрлањето на понудата за членство во Европската економска зона е пропуштена шанса?

Одбивањето на понудата Македонија да стане дел од Европската економска зона која ја обелодени претседателот Пендаровски ја разгори јавноста и ги отвори дилемите дали одлуката е исправна и кои се придобивките од членувањетѕо во овој економски колектив.

За ВМРО-ДПМНЕ потегот на Пендаровски е антидржавен и бараат тој да каже со кого се консултирал пред експресно да каже „не“.

Членувањето во Европската економска зона е голем плус за државата додека чека влез во ЕУ, со што се олеснува трговијата и протокот на луѓе и стока. Одбивањето на ваква понуда е скандалозно. Државниот врв не смее да донесува одлуки на своја рака и за ваква понуда мора да се консултира со граѓаните. Пендаровски и Заев да кажат зошто ја одбиле понудата и од чии странски интереси се воделе?“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од претседателскиот кабинет, пак, денеска образложија дека Пендаровски, веднаш по добиената алтернативна понуда која била ставена на маса како решение за надминување на француската блокада, лани во октомври свикал состанок со претставници и од власта и од опозицијата. Заеднички заклучиле дека фокусот на земјава исклучиво ќе биде ставен на Европската унија.

„На средбата беше постигнат апсолутен консензус и од страна на сите лидери, вклучително и од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, беше поддржан ставот дека на Македонија и е потребно членство во Европската унија, а не учество во алтернативни облици на соработка со ЕУ, затоа што на земјата покрај економската интеграција и е потребна и политичка интеграија и усвојување на демократските стандарди и вредности – владеење на правото, независно судство и медиуми, човекови слободи и права.“-кабинет на Пендаровски.

Симонида Кацарска од Институтот за европски политики објаснува дека во минатото неколку посилно економски земји ја искористиле Европската економска зона како филтер кон ЕУ, но нема конкретен доказ дали оваа форма на членство за земја од понизок економски ранг како нашата може да го одолговлечи евроинтегративниот процес.

„Она што не е докажано, немаме пример на земја која што од многу помала развојна фаза во која што несомнено сме, и во позиција на економска немоќ, станала членка на Европската економска зона, ниту пак имаме пример дали таквото членство би го имал трансформирачкиот ефект кој што го очекуваме од пристапниот процес ако ги погледнеме останатите земји членки на Европската унија.“вели Симонида Кацарска, дир. на ЕПИ.

Европската екононска зона е формирана во 1994 година. Во неа членуваат сите држави од ЕУ, трите членки на ЕФТА Исланд, Лихтенштајн и Норвешка како и Велика Британија. Зоната овозможува слободен европски пазар, размена на работна сила, слободен транспорт на стоки, услуги и капитал – водејќи се од европската легислатива која важи подеднакво за сите земји.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.