ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Дали евентуално ново вето од Бугарија ќе влијае на динамиката на политичките процеси дома?

И доколку бугарското вето за Македонија во јуни остане, политичка дестабилизација и предвремени избори нема да има, вели премиерот Димитар Ковачевски. 

Според него Македонија е заложник на датуми иако ги има исполнето сите критериуми за почеток на преговори со ЕУ, а функционирањето на една Влада не може да се врзува само со еден датум во текот на годината.

За вонредниот коалициски совет којшто бугарскиот премиер Петков го свика во Софија за односите со Скопје, Ковачевски вели дека тоа е внатрешно прашање и нема ништо ново во преговорите меѓу двете страни, ниту заеднички прифатлив документ за кревање на ветото.

-Функционирањето и работата на една Влада не може да се врзува само со еден датум којшто е како некоја отсечка во текот на годината. Ние предолго време бевме заложници на датуми, бидејќи секогаш се очекуваше некаков датум којшто не зависеше од нас бидејќи ако ги погледнете извештаите за Македонија тогаш ние имаме четири последователни позитивни извештаи. Немам информации околу коалицискиот совет во Софија, бидејќи е коалициски совето во Бугарија. Доколку има било каков напредок, ќе биде споделено на ниво на министерствта за надворешни работи. Во однос на Владата, таа е стабилна и има парламентрано мнозинство од 64 пратеници кое работи на програмските определби, изјави Ковачевски.

Од ВМРО-ДПМНЕ не се откажуваат од намерата преку активна блокада на Собранието да издејствуваат предвремени парламентрани избори. Лидерот на партијата Христијан Мицкоски не прецизираше дали планираат да ја променат тактиката на делување по последните постапки од собранискиот спикер Џафери и интерпелацијата што ја најавија за неговата работа. Во однесувањето на Џафери гледа обид да предизвика инцидент.

-Полн е за жал спикерот со примитивизам, и тоа навистина делува фрустрирачки за сите граѓани. Не за нас што се срамиме од тие недолични постапувања што се занимаваме со политика, туку сите граѓани. Еве, прашајте ги луѓето овде и насекаде. Тој примитивизам навистина згрозува. Но, морам да кажам не е наивен. Затоа што тој примитивизам има своја цел, а таа цел е да предизвика инцидент налик на оној од 27-ми април, и да може овој примитивец заедно со сите тие кои што го поддржуваат да бидат претставени во едно поинакво светло од тоа што се. Треба да знаат тие сценаристите и организаторите дека ВМРО-ДПМНЕ е многу поискусна, и ВМРО-ДПМНЕ е многу поорганизирана, и нема намера да ја продолжи оваа агонија во Македонија, изјави Мицкоски.

Освен активната блокада на Собранието, од ВМРО-ДПМНЕ најавија и протест на 18 јуни за како што велат уривање на Владата и одржување предвремени избори. Тој ќе се одржи неколку дена пред редовниот јунски самит на ЕУ на кој се поизвесно е дека бугарското вето за Македонија ќе биде потврдено.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.