ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

„Гугл“ укинува уште една своја позната апликација

Иако станува збор за неофицијални информации и така, најверојатно, ќе остане сè до крајот на следната година, сепак упатени извори информираат дека апликацијата Hangouts би требало да остане активна само за деловни корисници, односно оние што користат G Sui

Затворањето на социјалната мрежа на „Гугл“ наречена „Гугл +“ речиси никого не изненади бидејќи уште од самиот почеток таа не се наметна како алтернатива на „Фејсбук“ и релативно мал број луѓе ја користеле на редовна основа.

Сепак, се чини дека „Гугл“ се подготвува да укине уште една апликација, која може да влијае на голем број луѓе во светот.

Според информациите добиени од порталот 9to5 Google, до 2020 година во историјата ќе замине сервисот наменет за пораки и видеоповици наречен Hangouts. Ова, пред сè, се однесува на приватните корисници.

Доколку ова се оствари, тие ќе мора да се свртат кон други апликации (како „Вибер“, „Ватсап“, „Скајп“). Другата опција е да се почека и да се види што ново ќе понуди „Гугл“ како замена за Hangouts. Оттаму веќе се обидуваат корисниците на овој сервис да ги пренасочат на својата апликација „Ало“, но ова досега не се покажа како успешна стратегија.

Што се однесува до Hangouts, судејќи според досегашната практика, корисниците ќе се побунат, но на крајот ќе се префрлат на новата апликација што ќе ја понуди компанијата.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.