Гуаидо: „Ако ме киднапираат, ќе им биде последна грешка што ќе ја направат“ (ВИДЕО)
Венецуелскиот опозициски лидер Хуан Гуаидо соопшти денес дека ќе се врати во Венецуела за да застане на чело на новите протести против претседателот Николас Мадуро.
Со ова ризикува властите во Каракас да го уапсат бидејќи минатата недела ја прекрши забраната за излез од земјата.
Гуаидо, кој од повеќето западни земји е признат како легитимен шеф на државата, во неделата преку Твитер наведе дека ќе преземе „историски предизвик“ да се врати на време за да ги предводи протестите во понеделник и вторник за време на карневалските празници, едно необично време за демонстрации, наведе Ројтерс.
„Ако режимот се осмели, се разбира, да не киднапира, ќе им биде последна грешка што ќе ја направат“, рече Гуаидо, без да ја наведе локацијата од која се обраќа.
Presidente (E) @jguaido: "Si se atreve el régimen a secuestrarme, será uno de sus últimos errores" #3Mar pic.twitter.com/9etAIREZVC
— Gabriel Bastidas (@Gbastidas) March 4, 2019
Гуаидо рече дека подготвиле „следни чекори“ во случај да биде уапсен.
Тој преку Твитер го повика народот на Венецуела да се собере во 11 часот по локално време на демонстрациите закажани за денес, кои се поклопуваат со неговото враќање во земјата.
Гуаидо напиша и дека граѓаните на Венецуела треба да ги следат неговите официјални известувања, во кои ќе објавува детали за средби со поддржувачи.
Тој во саботата беше во посета на Еквадор, во рамки на турата во Јужна Америка, со која настојува да го зголеми притисокот врз претседателот Мадуро да поднесе оставка.
Гуаидо тврди дека Мадуро мора да си оди за Венецуела да закрепне од политичката и хуманитарната криза во која се наоѓа, а, од друга страна, Мадуро вели дека Гуаидо е дел од заговорот против неговата влада.