Грчко-бугарски интерконектор, нова енергетска карта на југоисточна Европа
На свечена церемонија, Во Софија беше пуштен во употреба гасниот интерконектор Грција – Бугарија кој треба да ја ослободи зависноста на ЕУ од руски гас. Почнува нова ера – порача претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен
изјава Урсула фон дер лајен –претседателка на ЕК
тонско Овој гасовод ја менува играта. Тоа е промена на играта за Бугарија и за енергетската безбедност на Европа. И тоа значи слобода од зависноста од рускиот гас“
182 километри долгиот гасовод меѓу грчкиот град Комотини и бугарскиот град Стара Загора, ја поврзува Бугарија со Трансјадранскиот гасовод, носи гас од Азербејџан преку Турција кон Грција, а потоа кон Италија.
До 2027 година се планира да бидат удвоени количините на гас од Азербејџан за ЕУ, а Србија и Македонија – преку Бугарија ќе можат да добиваат азербејџански гас.
Претседателот Пендаровски вели – проектот се случува во клучен момент, кога регионот се соочува со енергетска криза, зголемена инфлација и преголема невработеност. На средбата со бугарскиот претседател Радев и шефицата на европската комисија Фон дер Лајен порача дека на земјава и е потребна поголема европска солидарност.
– За да обезбеди одржлив развој и да ги задоволи потребите на бизнисите и домаќинствата, Северна Македонија мора да стане дел од оваа мрежа за природен гас. Нашите граѓани очекуваат помалку реторика и поконкретна поддршка. – изјави Пендаровски.
Српскиот претседател Александар Вучиќ побара земјите од Западен Балкан да бидат ставени на заедничката листа на земјите од ЕУ за цените на енергенсите.
– Кога станува збор за изградбата на интерконектор меѓу Србија и Бугарија и во планирањето на изградбата на интерконектор меѓу Македонија и Србија Тоа ќе значи многу за инфраструктурата на Балканот, која потоа можеме да ја разгрануваме. – изјаи Вучиќ
Бугарскиот претседател Румен Радев очекува стратешката соработка меѓу Бугарија и Грција да донесе стабилност во регионот.Работата на гасоводот ќе започне со природен гас од Азербејџан, но од крајот на 2023 година по него ќе се движат значителни количества кои ќе доаѓаат од терминалот за течен гас во Александрополис во Грција.