ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Грчките пожарникари ја продолжуваат битката со пожарите на Родос, Крф, Евија и Пелопонез

Топлотниот бран го остава вклучен црвениот аларм во делови на Грција.Во текот на ноќта пожарникарите се справувале со 80-тина шумски пожари вчера, во најтоплиот ден на летото досега, кога термометарот забележа 45 степени целзиусови во јужните делови на земјата.Во новите пожари кои ја зафатија Грција во текот на ноќта над 30000 лица биле евакуирани, а според надлежните ова е најголемата евакуација до сега. Населението во 17 села во североисточниот дел на Крф превентивно ги напушти домовите, а евакуирани се и седум села во јужниот дел на островот Евија и две на северот од Пелопонез.

Иако на североисточниот дел на Крф, ситуацијата со пожарот е под контрола, во текот на ноќта крајбрежната служба го евакуираше локалното население и туристите, кои по морски пат беа пренесени на безбедна локација.„Пожарот што избувна вчера попладне во шумска област достигна големи размери, загрозувајќи ги куќите на североисточната страна на островот. Со последователни пораки издадени од 112, евакуирани се 17 населени места, а евакуирани се 2.466 граѓани. Полицијата, Окружниот и крајбрежната стража помогнаа во гаснењето на пожарите.“ -Василис Ватракогијанис, Противпожарната служба на Атина.

Меѓу време над 1000 туристи беа принудени да ги напшуштат нивните дестинации за одмор поради безбедност. Грчките служби ги однеле на најблиските аеродроми, од каде чекаат да се вратат дома.

Не донесоа до аеродром, ни дадоа храна и пијалоци вчера, навистина се грижливи.

Малите деца беа преплашени, знаете, настана хаос, знаете, гледате огин, гледате чад и тоа беше застрашувачки за сите нас..

Седми ден, по ред сѐ уште активен е и пожарот на островот Родос. Зафатени се борови шуми, пламените јазици навлегле и во неколку дворови во куќите во Асклепион, а се слушаат и експлозии. Ветровите во областа постојано се менуваат и пожарот се движи кон Генади. Противпожарните единици гаснеа од копно, а со првите зраци на сонцето, започна и гаснењето со воздушните средства.

Сепак утрово се чини дека огнените јазици се далеку од населените места. Освен на Крф и на Родос, пожарите се активни и во северниот дел на Пелопонез, во Каристос на југот на островот Евија и во областа околу северниот дел на Атина. Иако моменталните температури околу Атина се во благ пад, според најавите во централниот дел и на Пелопонез живата се очекува да достигне до 42 Степен.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.