ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Грчката војска предупредува: Ако Турција стапне на некој остров во Егејско Море, ќе го срамниме со земја

Началникот на генералштабот на грчката војска, адмиралот Евангелос Апостолакис, ја предупреди Турција дека Грција решително ќе одговори во случај на „ескалација на турските провокации“, пренесува Екатимерини.

Апостолакис на грчките новинари им ја истакна оперативната способност и спремност на грчката војска во случај да бидат загрозени суверенитетот и територијалниот интегритет на државата.

„Ако тие стапнат на некој ненаселен остров, ние островот ќе го срамниме со земја. Ова е црвената линија која е прифатена и од страна на владата“, кажа началникот на генералштабот на грчката војска, истакнувајќи дека за Грција е најважно да обезбеди мир во регионот.

Коментирајќи го стратегискиот дијалог меѓу САД и Грција одржан минатата недела, Апостолакис кажа дека Вашингтон бара начин да обезбеди рамнотежа во регионот, а дека „Грција игра позитивна улога и претставува мост во таквите намери“

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.