ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Грција и Црна Гора остануваат затворени за македонските држајани

Грција и Црна Гора и понатаму остануваат недостапни за македонските државјани.

Во овој момент не постојат препораки за отворање и за дополнителни земји, ако произлезе такво нешто одново ќе го разгледаме, рече портпаролот на грчката влада Стелиос Пецас одговарајќи на новинарско прашање на денешниот бифинг. Грција претходно соопшти дека забраната ќе трае најмалку до 15 август.

Македонија не се најде ниту на зелената листа што ја објави Црна Гора, на која освен земјите членки на ЕУ се наоѓаат и држави од кои според тамошните власти има минимален ризик за ширење на ковид-19.

Нашата држава не се наоѓа ниту на „жолтата листа“ на земји, на чии државјани со негативен ПЦР тест им е овозможен влез во Црна Гора.

Со негативен ПЦР тест, влез е можен во Бугарија, а целосно слободно е патувањето во Србија и Албанија.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.