ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Груби: По 20 години пронајден оригиналниот документ на Охридскиот Договор

Вицепремиерот и министер за mолитички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денес го предаде во Државниот архив на РСМ оригиналниот документ на Охридскиот рамковен договор, за истиот да биде архивиран, 20 години по потпишувањето на овој мировен документ.

„Исклучително сум задоволен што по две децении, 20 години недостасување
на оригиналниот документ на Охридскиот Договор, потпишан од 7-те негови
потписници, конечно успеавме да го пронајдеме и да го доставиме до местото каде што припаѓа, во Државниот архив. Сас сум многу благодарен на директорот и заменик -директорот за денешната средба и можноста да го доставам оригиналот на овој документ до местото каде што треба да се архивира “, рече вицепремиерот Груби.

Според него, оригиналниот документ е на вистинското место.

„Мисијата на министерството што го водам, во текот на оваа година, на 20
-годишнината од ОД беше да се пронајде оригиналот на овој договор што го
потпишаа 7 лица, 5 лидери на институции од нашата земја и двајца меѓународни преставници Џејмс Пердју и Франсоа Леотард, едниот од САД, другиот од Европската Унија, бидејќи секоја година на годишнината од Охридскиот договор главна вест беше недостатокот на оригиналниот Охридски договор и тоа се протолкуваше како негрижа на државата кон самата важност на Охридскиот договор. На ова му дојде крајот и големо задоволство ми е што го пронајдовме оригиналот на ОД и му го предаваме
на Државниот архив за понатамошна грижа. Затоа, јас сум многу среќен за овој ден, особено затоа што го реализиравме ова во пресрет на 20-годишнината од Охридскиот мировен договор “, рече Груби.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.