ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Груби нема амбиции да биде прв премиер-Албанец

Македонија ќе има Албанец за премиер, но тоа нема да биде Артан Груби. Тој нема такви амбиции бидејќи сака да остане запаметен по изградбата на автопатот Скопје-Блаце и по воспоставувањето врска Скопје-Приштина-Тирана. Вакво тврдење изнесе првиот вице-премиер Груби во интервју за косовската телевизија „Дукаѓини“. Потсетува дека поставувањето Албанец за прв човек на Владата во последните 100 дена од нејзиниот мандат е дел од договорот што во 2020-та го постигнаа лидерите Али Ахмети и Зоран Заев.

КАНДИДАТОТ ЗА ПРЕМИЕР-АЛБАНЕЦ ЌЕ ГО ПРЕДЛОЖИ ЛИДЕРОТ НА ДУИ АЛИ АХМЕТИ И СИГУРНО НЕМА ДА ЗГРЕШИ ВО ИЗБОРОТ. ВО КОАЛИЦИСКИОТ ДОГОВОР СО ЗАЕВ СТОИ ДЕКА ВО ПОСЛЕДНИТЕ 100 ДЕНА ОД МАНДАТОТ ТОЈ ЌЕ БИДЕ ЗАМЕНЕТ СО АЛБАНЕЦ. НА ПРВАТА СРЕДБА КОВАЧЕВСКИ ВЕТИ ДЕКА ДОГОВОРОТ ВАЖИ. СЕ РАКУВАВМЕ И ТОЈ ПОТВРДИ ДЕКА ЌЕ ЈА НАПУШТИ ФУНКЦИЈАТА ВО ПОСЛЕДНИТЕ 100 ДЕНА ЗА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АЛБАНЕЦ ИЛИ АЛБАНКА, ВЕЛИ АРТАН ГРУБИ, ПРВ ВИЦЕПРЕМИЕР.

Груби објаснува дека ова е проект на Ахмети за да се урнат табуата и предрасудите во однос на премиер-Албанец.

За ВМРО-ДПМНЕ, ова е потврда дека Ковачевски ја добил премиерската фотелја на подарок, а сега ја чува за Артан Груби.

Пред два дена и новиот координатор на партискиот огранок во Чаир, Бујар Османи, најави дека „за неколку месеци ќе имаме премиер-Албанец“, што во некои кругови беше протолкувано како можност за предвремени избори.

Премиерската функција беше изборно ветување на ДУИ во 2020-та. Како кандидат за оваа функција на митинзите беше претставуван поранешниот пратеник и нотар Насер Зибери. Неколку месеци по изборите, во јануари 21-ва, тој беше избран за Народен правобранител.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.