Грета преку „Твитер“ му одговори на Путин
По американскиот претседател Доналд Трамп, пратеникот од Канада, Максим Берни, и Џереми Кларксон, и Владимир Путин ја критикува Грета Тунберг, но младата активистка не му остана должна.
Исто како што го смени описот на „Твитер“ кога му одговори на Трамп, сега тоа го стори и на рускиот лидер.
Имено, за време на седницата на Енергетскиот форум во Москва, рускиот претседател во еден момент го спомена страсниот говор на 16-годишната велејќи дека тие не делат заедничка возбуда и дека е лошо информирана, пренесува Indy100.
„Никој не ѝ објаснил на Грета дека современиот свет е сложен и поинаков и дека луѓето во Африка и многу азиски земји сакаат да живеат на исто ниво на богатство како во Шведска. Сигурен сум дека Грета е љубезна и многу мила девојка, но возрасните треба да сторат сè за да не ги доведат тинејџерите и децата во некои екстремни ситуации“, рече Путин.
Коментаторите на социјалните мрежи, генерално, не беа импресионирани од неговиот остар обид за дискредитација на 16-годишната активистка. Наместо да му одговори на Путин, Грета го промени описот на „Твитер“.