Градоначалникот на Москва порача: Од утре започнува вакцинацијата во главниот град на Русија
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин соопшти денеска дека од утре граѓаните ќе може да се пријавуваат за вакцинација против коронавирусот, а пунктовите за вакцинација ќе бидат отворени веќе задутре.
Собјанин порача дека најпрвин ќе се вакцинираат докторите, просветните и социјалните работници, пренесува руската новинска агенција „ТАСС“.
Тој додаде дека оваа листа ќе биде проширена во следните неколку седмици како што ќе пристигнуваат нови серии на вакцината. Градоначалникот истакна дека граѓаните ќе можат да се пријават преку електронски пат, односно на веб страната на московскиот градоначалник и владата.
Според неговите зборови, во руската престолнина веќе е подготвен цел технолошки и организациски ланец на вакцинација.