ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Германија ќе ја укине вонредната епидемиолошка состојба следниот месец, некои мерки ќе останат

Германскиот парламент нема да ја продолжи вонредната состојба поради епидемијата на национално ниво, кога ќе заврши следниот месец, но ќе останат во сила одредени санитарни мерки за сузбивање на ширењето на коронавирусот, соопштија денеска од Парламентот.

Пратениците во Бундестагот наведуваат дека и покрај зголемувањето на бројот на заразени, не гледаат потреба на 25 ноември да ја продолжат вонредната состојба, воведена во март 2020 година.

Тие тврдат дека состојбата е променета затоа што две третини од населението се вакцинирани и дека веќе не е потребна вонредна епидемиолошка состојба за спроведување некои мерки.За време на вонредна состојба, федералните и регионалните влади можеа да воведат мерки за спречување на ширењето на инфекцијата без одобрение од Парламентот.Во Германија денеска се регистрирани 23.212 новозаразени лица, а од почетокот на пандемијата на коронавирусот досега се заразени вкупно над 4,5 милиони. 

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.