ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

„Генералната проба“ заврши – утре почнува учебната година

Нема дневник за оценки, нема тефтери на катедрата. Лаптоп и слушалки се сега редовен декор во училниците и сѐ што им е потребно на професорите за од работното место да ја водат наставата на далечина. Наместо со креда на табла, ќе се снаоѓаат со слајдови и презентации и ќе ја користат онлајн-платформата. Така ќе предаваат, а комуникација со ученик наместо со „два прста“ во вис сега ќе биде преку сигнал на копче.

Денес, на ред беше „генералната проба“ во училиштата. Во сите кабинети седнати професори, приклучени онлајн одржаа пробен час со класовите. За секој да може да си ја работи работата без да им се „мешаат гласовите“ со колегите, се користи дури и училишниот хол. Во скопската гимназија „Орце Николов“ пробниот час без ученици во зградата се одвиваше без пречки во системот.

НА ПРАЗНИ УЧИЛНИЦИ И ХОДНИЦИ НИТУ НИЕ, НИТУ НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА СЕ НАВИКНЕ. НО, НАСТАВНИЦИТЕ И ПРОФЕСОРИТЕ ВЕЌЕ СЕ НАВИКНУВААТ НА ОНЛАЈН ПЛАТФОРМАТА КОЈА ШТО НА НИВ И НА УЧЕНИЦИТЕ ЌЕ ИМ СТАНЕ СЕКОЈДНЕВИЕ.

Настава во живо ќе следат децата до трето одделение, и оние во општини каде што има услови да се реализира истата. Децата коишто немаат услови да следат настава на компјутер, ќе мораат пред телевизор.

„ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ КОЕШТО НЕМА IT УРЕД ЌЕ ИМА НАСТАВНА СОДРЖИНА КОЈА ШТО ЌЕ ОДИ НА МАКЕДОНСКАТА РАДИО ТЕЛЕВИЗИЈА, ПО РАСПОРЕД ДАДЕН ОД БИРОТО ЗА РАЗВОЈ НА ОБРАЗОВАНИЕТО, ТОА Е ПОДГОТВЕНО И СИ СТАРТУВА ОД УТРЕ, НА НАСТАВЕН МАКЕДОНСКИ И АЛБАНСКИ ЈАЗИК. ОВАА ГОДИНА ЌЕ БИДЕ РАЗЛИЧНА, НО ВЕ УВЕРУВАМ СЕКАКО ДЕКА ЌЕ УСПЕЕМЕ САМО АКО РАБОТИМЕ ЗАЕДНИЧКИ И АКО НАДМИНУВАМЕ ПРЕДИЗВИК ПО ПРЕДИЗВИК, ВЕЛИ МИНИСТЕРКАТА ЦАРОВСКА. 

„ПЛАТФОРМАТА ТЕКОВНО ИМА ОКОЛУ 270 ИЛЈАДИ КОРИСНИЦИ, НА ИСТАТА СЕ КРЕИРАНО ОКОЛУ 150 ИЛЈАДИ ПРЕДМЕТИ. ТЕКОВНО, ДОСЕГА СЕ ИМААТ НАЈАВЕНО ОКОЛУ 160 ИЛЈАДИ ОД КОРИСНИЦИТЕ. КОРИСНИЦИТЕ БЕА ИСКРЕИРАНИ И ДИСТРИБУИРАНИ – КАКО ЗА НАСТАВНИЦИТЕ, ТАКА И ЗА УЧЕНИЦИТЕ, ИЗЈАВИ ПРОДЕКАНОТ НА ФИНКИ, БОРО ЈАКИМОВСКИ

Половина час пред министерката за образование да се обрати на прес-конференција, пред зградата на нејзиното министерство – токму Сојузот на средношколци имаше обраќање. Оттаму подолго време бараат модел на комбинирана настава и тоа барање не им беше исполнето. Нема да бојкотираат од утре, но им даваат еден месец на властите за да се предомислат. Ако е стабилна епидемиолошката состојба, да постои начин да се вратат во клупите.

ПОСТОЈАТ МНОГУ МОЖНИ КОМБИНАЦИИ. ДАЛИ МОЖЕ ЕДНА НЕДЕЛА ЕДНА ГРУПА ДА ОДИ ВО УЧИЛИШТЕ, ДРУГА ДА ЈА СЛЕДИ НАСТАВАТА ОНЛАЈН. ИЛИ ПАК ДА СЕ НАПРАВИ РОТАЦИЈА, НА СЕКОИ ДВА-ТРИ ДЕНА, ВЕЛИ БЛЕНДИ ХОДАИ – ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОЈУЗОТ НА СРЕДНОШКОЛЦИ

Настава со физичко присуство ќе се одвива во околу шестотини основни и средни училишта иако до надлежните пристигнале 864 барања за тоа. Другите – онлајн.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.