ГАСОТ ВО ВТОР ПЛАН: Русите прават пари од златото
Русите повеќе заработуваат од продажба на злато отколку на гас.
Приходите на земјата од извозот на злато за првпат ги надминаа приходите од продажба на гас.
Ова го покажуваат податоците на Федералната царинска служба и Централната банка на земјата.
Компаниите продадоа 65,4 тони злато во вредност од 3,55 милијарди долари во странство во април и мај.
Во истиот период испораките на гас му донесоа 2,4 милијарди долари на „Гаспром“.
Според шефот на групата за процена на ризикот за стабилен развој на АКРА, Максим Худалов, таквата состојба се појави за првпат во историјата на модерната Русија.
Тој за порталот „РБК“ изјави дека извозот на гас, барем од 1994 година, традиционално донесе повеќе приходи отколку продажбата на злато.
Русија е во топ 5 држави со најголеми резерви на злато.