ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Гасоводот „Северен тек 2“ е завршен

Првиот гас од Русија за Германија се очекува да биде пуштен во октомври.

Заварена е и последната цевка на „Северен тек 2“, тригодишната изведба на гасоводот исполнета со пречки и контроверзи го доби епилогот, Германија ќе се снабдува со нов енергетски ресурс од Русија.

По стискањето на копчето кое што треба да се случи до крајот на годината, сибирскиот гас, преку руското пристаниште во Луга, потоа под Балтичко море ќе пристигне во Германија. Градоначалникот на приморското градче Лубмин каде што се вгради последната алка вели дека енергетскиот проект покрај гасот, носи пари и работни места.

-Гасоводот е значаен за Лубмин, видовме бенефит и за време на конструкцијата и оперативните стадиуми, во нашиот приморски град се отворија многу работни места како резултат на проектот. На долги стази овој град ќе има многу профит поради „Северен тек 2“

САД правеа обиди да продадат повеќе од течниот американски природен гас на европско тло, но проблемот е во тоа што руската варијанта со гасоводни цевки е далеку поевтина, па ваквата ситуација доведе до санкции од тогашната влада на Трамп и одолговлекување на проектот „Северен тек 2“. Новата гарнитура во Белата Куќа на чело со Бајден ги повлече санкциите, иако неволно.

-Мојот став за „Северн тек 2“ е познат веќе некое време, но додека станав јас претседател процесот беше 90 проценти завршен па санкционирањето и немаше смисолвели Џо Бајден.

Постојаните тврдењата на Москва беа дека станува збор за економски проект, односно не станува збор за никакви политички цели, па оттаму и градоначалникот на Лубмин не е многу загрижен за ефектот на геополитиката околу цевките кои што стигнаа во неговиот град.

-Пет германски региони се поврзани со проектот „Северен тек 2“, се ангажираа околу иститот, а некои од нив дури и судски се изборија. Отсекогаш верував дека проектот ќе се спроведе во легална рамка и по стандардите на ЕУ. Не бев загрижен дека политичките движења ќе го запрат процесот.

Сертификацијата и сигурносните проверки ќе потраат околу 3 месеци, па по комплетирањето „Северен тек 2“ ќе испумпува 55 милијарди кубни метри природен гас годишно во Германија. Отприлика тоа е доволно да се загреат 26 милиони европски домови.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.