ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Гасниот терминал во Александруполи – проект кој ќе ја промени енергетската карта на регионот

Изградбата на гасниот терминал во Александруполи е историски настан за регионот во областа на енергетиката. Балканските лидери во него гледаат шанса за ослободување од рускиот гас.

Балканските лидери и првиот човек на Европскиот совет, Шарл Мишел, денеска во Грција го одбележаа почетокот на регионалниот енергетски проект „Александруполи“ со што се отвора можност за енергетска независност, ослободување од рускиот гас, диверзификација на изворите и се отвара пат за Северна Македонија и регионот да станат енергетски независни.

Изградбата на гасниот терминал во Александруполи е историски настан за регионот во областа на енергетиката. Станува збор за проект за долгорочна енергетска независност за стабилно и постојано снабдување со течен гас во едно исклучително кризно време. Премиерите на Северна Македонија, Грција и Бугарија, Димитар Ковачевски, Кирјакос Мицотакис и Кирил Петков, претседателот на Србија, Александар Вучиќ и првиот човек на Европскиот совет, Шарл Мишел, за време на свеченоста порачаа дека проектот за пловечкиот терминал за течен гас не е само енергетски, туку и геополитички проект кој ќе ја промени енергетската карта на целиот регион. 

Стратешка одлука 

До 2023 година е планирано да бидат ставени во употреба и гасниот терминал и гасната станица. Република Северна Македонија минатата година се приклучи кон проектот за изградба на терминал за течен природен гас на 17 километри од Александруполи за складирање и гасификација на течниот природен гас, со капацитет од над 5,5 милијарди кубни метри.

Согласно договорот, земјата учествува со 25 отсто во гасната централа на природен гас во „Александруполи“ која е 800 мегавати, а проценетата инвестиција во оваа електрана е повеќе од 380 милиони евра. Предвидено е земјата да учествува и со 10 проценти од вкупната вредност од 370 милиони евра во инвестицијата во гасниот терминал. Со оваа инвестиција се обезбедува резервирање на капацитети за сигурно снабдување на земјата со гас, без ризици во следните 15 години. 

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.