Вучиќ: Србија утре започнува со вакцинирање против ковид
Вакцинацијата во Србија ќе започне утре, најави денеска претседателот Александар Вучиќ.
Според српскиот претседател прво ќе се вакцинираат корисниците на домовите за стари лица, бидејќи тие се најзагрозени.
Вучиќ најави дека вакцина ќе прими и некој член на државното раководство,тој, премиерот или д-р Дарија Кисиќ. Со тој чин тие би им упагтиле порака на граѓани за потребата од вакцинирање и за безбедноста на вакцината Фајзер.
Во Србија вчера пристигна првите 4.875 дози, на вакцини од компанијата „Фајзер-Бионтек“. Српскиот претседател најави дека во јануари, февруари и март ќе пристигнат уште повеќе дози.
Вакцините се набавени билатерално, независно, а Србија е веројатно единствената земја надвор од ЕУ, во овој дел, што успеа да набави некои вакцини, изјави Вучиќ на прес конференција.