ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Вучиќ се состана со патријархот Порфириј два дена по настаните на Цетиње

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес се сретна со патријархот на Српската православна црква (СПЦ), Порфириј, објавено е на Инстаграм профилот на Вучиќ.

Објавени се фотографии од средбата, но не и детали од средбата на Вучиќ со поглаварот на Српската православна црква.

-Заедно со српскиот патријарх г -дин Порфириј. Заедно во завршувањето на храмот Свети Сава, од неговата Светост, но и во желбата да научиме многу за грижата за нашиот српски народ, за напорите да се врати вербата на луѓето дека со работа, труд и искреност можеме да промениме се на подобро, напишано е на Инстаграм профилот на Вучиќ.

Средбата меѓу Вучиќ и Порфирио се одржа два дена по устоличувањето на Црногорско-приморскиот митрополит на СПЦ, Јоаникиј. Јоаникиј беше устоличен од патријархот Порфириј на 5 септември во манастирот во Цетиње, а церемонијата на устоличување беше проследена со ангажман на силни вооружени полициски сили поради протестите во кои беа повредени околу 60 лица.

Вучиќ коментирајќи ги настаните во Цетиње на 5 септември, кажа дека „целата заслуга за устоличувањето на Црногорско-приморскиот митрополит на СПЦ Јоаникиј и припаѓа на Владата на Црна Гора” и додаде српската тајна полиција била само некој кој собира информации и ги доставува до надлежните органи

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.