ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Вучиќ: Главните теми со Макрон беа Косово и инвестициите

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека главни теми на разговорот со францускиот претседател Емануел Макрон биле Косово и инвестициите, објави Kosoovo online.

„Зборував за фрустрацијата на нашиот народ во Косово бидејќи ветеното не се исполни“, изјави Вучиќ.

По разговорот со Макрон во Елисејската палата, тој рече дека со францускиот колега имал многу добар и значаен разговор за многу важни теми.

„Исклучително сум задоволен што дојдов во Париз и што разговарав со Макрон. Има многу работи за кои не можам да зборувам.Очекувам посета на Макрон на почетокот на следната година“, рече Вучиќ.

Претседателот се осврна на топлото добредојде пред Елисејската палата.

„Го гледам како искрен пријател на нашата земја, а ми се чини дека и тој го почитува тоа што го правиме“, изјави Вучиќ.

Вучиќ и Макрон досега имале 16 средби, вклучувајќи ја и денешната.

Please follow and like us:
fb-share-icon

About Post Author

Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.