ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Во Шпанија најнеизвесни парламентарни избори досега

Во Шпанија денеска се одржуваат парламентарни избори, кои веројатно го имаат најнеизвесниот епилог во изминатите неколку децении, бидејќи пет партии имаат реална шанса да формираат влада. Ова се трети парламентари избори во последните четири години, а премиерот Педро Санчез ги распиша откако во февруари десничарските и каталонските сепаратистички партии го отфрлија неговиот предлог-буџет за оваа година.

Шпанската социјалистичка работничка партија дојде на власт минатата година откако ја симна владата на Народната пртија на Рахој. Но, малцинската влада на Санчез, која по изборите во 2016 година имаше само 84 од 350 места во парламентот, се соочува со тешки проблеми.

Според последните анкети, ниедна партија нема да освои апсолутно мнозинство, а сите пет водечки имаат реални шанси да дојдат на власт. Копјата и во ова предизборие се кршеа најногу на прашањето на националниот идентитет во врска со барањата на Каталонија за отцепување, додека економијата беше во втор план.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.