ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Во Тирана Самит на лидерите на Берлинскиот процес

За првпат лидерите на Берлинскиот процес имаат Самит во земја која не е членка на Европската унија.Тирана е домаќин на овогодинешниот Самит и ќе биде центарот на европските разговори за Западен Балкан.. европските челници и лидерите од регионот, мегу нив и премиерот ковачевски ќе разговараат за перспективата на регионот, неговото економско зајакнување и интеграција во фази, а ЕУ уште еднаш ќе ги презентира своите ставови за европскиот пат на Западен Балкан

На самиот се очекува поголем фокус, освен на економската интегризија на регионот во единствениот пазар, да се стави и на последните случувања на Косово и дијалогот меѓу Белград и Приштина, по конфликтот во Бањска.

Приштина на Самитот ќе ја претставува Аљбин Курти, а Белград – Ана Брнабиќ.

Домакинот на самиот албанскиот премиер рама за еден од албанските медиуми не ја исклучи можноста за средба меѓу лидерите на Косово и Србија на маргините на самитот, Особено заради присуството на шолц и макрон како коавтори на француско-германскиот план што е на маса.

За време на Самитот, предвидено е премиерот Димитар Ковачевски кој ја предводи македонската делегација во која е и вицепремиерот Маричиќ да се сретне со канцеларот Шолц, како и со еврокомесарот за проширување Оливер Вархели

На минатогодишниот Самит кој се одржа во Берлин беше упатена пораката дека регионот, особено по руската агресија врз Украина, припаѓа во Унијата, но и дека земјите мора да ги надминат меѓусебните конфликти – како пример беше спомената Македонија и решавањето на ситуацијата со Бугарија преку „францускиот предлог“.

Берлинскиот процес беше инициран од германската канцеларка Ангела Меркел во 2014 година

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.