ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Во Сенатот на САД формално почна процесот на отповикување на Трамп

Формално почна процесот на отповикување на американаскиот претседател Доналд Трамп, што е трет ваков процес во историјата на САД.

Процесот на отповикување на американскиот претседател Доналд Трамп во Сенатот официјално започна, со оглед на тоа што Претставничкиот дом во средата гласаше да ја испрати резолуцијата во горниот дом на Конгресот и да назначи членови на Претставничкиот дом за да ја претставуваат таа резолуција.

Членовите на Претставничкиот дом, таканаречените „менаџери“, свечено ја внесоа резолуцијата за отповикување во Сенатот. Таа резолуција ќе одигра улога на „обвинение“ во натамошниот процес против Доналд Трамп.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.