ВО ПРЕЛИМИНАРНИТЕ КОНТАКТИ СО ТУРЦИЈА, ГРЦИЈА ЌЕ РАЗГОВАРА САМО ЗА ЕКСКЛУЗИВНАТА ЕКОНОМСКА ЗОНА И КОНТИНЕНТАЛНИОТ ГРЕБЕН
Прашањата што се однесуваат на одредување на ексклузивната економска зона и континенталниот гребен во Егејското Море и Источниот Медитеран, ќе бидат единствените теми за кои Грција ќе разговара со Турција во рамките на 61-от круг прелиминарни контакти што в понеделник ќе се одржи во Истанбул, истакнаа на денешните редовни брифинзи со новинарите и портпаролот на грчката Влада Христос Тарандилис и портпаролот на грчкото МНР Александрос Папајоану, јави дописничката на МИА од Атина.
Тарандилис рече дека постои конкретна рамка на дискусија за да се најдат заеднички точки на поклопување на мислењето, додека пак Папајоану истакна дека нема да се разговара за демилитаризација на грчките острови.
– Нашиот став е дека ако се одржат со добра волја, можат да доведат до деескалација на тензиите и овде да додадам дека Грција во 61-от круг контакти доаѓа со добра волја и дух на соработка. Исто така да потенцирам дека во прелиминарните контакти не се разговара за демилитаризација на островите. Не преговараме за никакво прашање што се однесува на националниот суверенитет, рече портпаролот на грчкото МНР.
Папајоану на редовниот брифинг објасни дека не се преговори, туку се контакти, нема обврзувања меѓу двете страни, нема договорен записник, не присуствува трета страна и нема информирање за содржината на прелиминарните контакти
– Тоа се неформални контакти, не се обврзувачки, тоа се доверливи
точки на поклопување на ставовите за евентуални преговори во иднина за одредување на Ексклузивната економска зона и континенталниот гребен во Егејското Море и Источниот Медитеран секогаш врз основа на меѓународното право, истакна Папајоану.
Доколку нема договор во преговорите кои би можеле да следат по прелиминарните контакти, двете страни ќе треба да се согласат за текст што во продолжение би се доставил до Меѓународниот суд во Хаг.
Прелиминарните разговори меѓу двете земји ќе се одржат во понеделник во Истанбул, по пауза од речиси пет години. Последниот, 60-от круг, беше одржан во март 2016 година.
разговори за да се разгледаат