ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Во Поточари погребени останки од 30 жртви на геноцидот во Сребреница

Посмртните останки на 30 новоидентификувани жртви на геноцидот во Сребреница беа погребани на 11 јули во меморијалниот центар Поточари, во Босна и Херцеговина, на денот кога се одбележува 28-годишнината од геноцидот.

Станува збор за нецелосни тела кои беа пронајдени во неколку гробници, кои припадниците на Војската на Република Српска повеќепати ги ископуваа и ги преместуваа телата, за да ги прикријат трагите на злосторството сторено во последните месеци од војната во Босна од 1992 до 1995 година.

Најмладата жртва погребана на 11 јули е Елвир Салчиновиќ, кој имал 15 години кога бил убиен.

На церемонијата за одбележува на 28-годишнината од геноцидот, присуствуваа неколку илјади државни функционери, странски државници и граѓани. На настанот му претходеше мировен марш долг 110 километри.

Во 2007 година, Меѓународниот суд во Хаг пресуди дека е извршен геноцид во Сребреница, за што повеќе од 50 лица се осудени на повеќе од 700 години затвор.Се уште се трага по околу 1 000 останки.

И во Собранието на Северна Македонија беше одбележана 28 годишнината од геноцидот во Сребреница

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, во своето воведно обраќање, истакна дека после војна ништо веќе не е како што било претходно. Не може да се надомести празнината што останува на улиците, во домовите. Не се намалува ниту болката што се всадува во градите.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.