ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Во напад со нож близу Белата куќа четворица повредени

Тројца мажи и една жена се повредени во напад на засега неидентификувано лица со нож недалеки од Белата куќа во Вашинтон, објави во средата телевизиската мрежа NBC News повикувајќисе на полициски извори.

Повредените се пренесени во болница, и нивните животи не се загрозени, се додава во извештајот.

Полицијата трага по три осомничени, кои според прилогот на телевизијата наводно може да се припадници на крајно десна групација која го поддржува актуелниот републикански претседател Доналд Трамп.

Меѓутоа, според локалните медиуми, полицијата издала предупредување до граѓаните да внимаваат на појава на група од двајца црни мажи и една црна жена, за која се верува дека е вооружена со нож. Во овие извештаи, некои медиуми, пренесуваат дека наводно жртвите рекле дека нивните напаѓачи се поврзани со либерално-левичарски групи кои ги поддржуваат демократскиот кандидат Џо Бајден.

Во прилогот на NBC се истакнува дека сѐ уште не е јасно дали инцидентот е поврзан со одржувањето на претедателските избори во САД.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.