ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Во Македонија се плаќаат најскапите патарини во регионот

Во Македонија и натаму нема можност да се купи месечна или годишна карта за плаќање патарина. Па така, за оние кои редовно патуваат, на пример од Тетово, Велес, Куманово, Гостивар или Гевгелија за Скопје, излегува дека за патарини тредба да платат многу повеќе од она што се плаќа во соседните земји.

Во Бугарија електронската вињетка за еден месец без никакви ограничувања за патувања чини 940 денари. За истиот период во Македонија еден возач кој редовно патува од Гостивар или Гевгелија до Скопје треба да плати потрошат фрапантни 5.320 денари или 6.840 денари. Од Велес до Скопје и назад месечно треба да се плати 4.560 денари за еден автомобил.

Граѓаните на Косово плаќаат патна такса од 2.460 денари годишно при регистрација на возилата. Во соседна Албанија, патарината за автопатот кон Косово чини 300 денари, но има големи попусти за локалното население што живее крај автопатот и за возачите кои редовно ја користат оваа делница.

Цената на патарината и во Србија е пониска од онаа во нашата земја. Од Смедерево до Белград (растојание од Скопје до Гостивар), се плаќа по 200 денари за едно патување во два правци со автомобил (Скопје – Гостивар чини 280 денари). Разликата за една година е цели 1.520 денари.

И во Србија може да се купи месечна и годишна карта за патарина, со што чинењето на патувањата по српските автопатишпта значително се намалува.

Во Грција е најскапо. Меѓу Солун и Лариса, на 150 – километри долгиот автопат се плаќа патарина од 486 денари по автомобил во еден правец. Сепак, и таму за локалното население што секојдневно патува се обезбедени големи попусти.

Во Македонија летово цената на патарината на новиот дел од автопатот за Гевгелија, од  Демир Капија до Смоквица ќе биде 100 денари.

Директорот на ЈП „Државни патишта“, Зоран Китанов тврди дека патарините не поскапуваат.

„Нашите цени се убедливо најниски во регионот. Едно што е најбитно. Сите овие градби кога ќе завршат за неколку години, одржувањето на патната инфраструктура ќе чини околу 100 милиони евра. Парите од патарините ги користиме за ова, за граѓаните, а не за жални врби“, изјави Китанов.

На делницата Штип – Миладиновци, на двата пункта кај Кадрифаково и кај Свети Николе ќе се плаќа по 50 и по 70 денари, што знаедно со патарината Миладиновци, дневното користење на новиот автопат ќе чини 360 денари, што е за 120 денари повеќе од патувањето на релација Штип – Велес – Скопје и обратно.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon

Можеби сте пропуштиле

Британската и македонската Влада денеска во Лондон го потпишаа договорот за соработка. На договорот се потпишаа британскиот министер за извоз Гарет Томас и вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски, свеченото потпишување се одржа во историската зграда на Стариот Адмиралитет во Лондон. Со потпишувањето на овој документ, на Македонија ѝ се ставаат на располагање 5 милијарди фунти (6 милијарди евра) за финансирање на капитални проекти во повеќе стратешки сектори. „Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство, го гледаме како нешто што ќе ја доведе Македонија до едно ново ниво. Денес потпишуваме Договор Влада со Влада за развојни-инфраструктурни проекти во клучни сектори, како што се: транспорт, образование, животна средина, информатичка технологија, како и други сектори кои што ќе ги развиваме, тука е здравството, но и образованието и ќе продолжиме да соработуваме во претстојниот период. Навистина сме благодарни што Обединетото Кралство, со својот Инструмент за поддршка на надворешно финансирање, постави рамка од 5 милијарди фунти, што е најголемиот договор што Македонија го потпишала во својата историја во однос на економијата. Навистина сме благодарни за тоа и ова го гледаме како одлична можност за целата држава да се развива. Веќе имаме три проекти кои што се подготвени. Тоа е проектот за брзата железница на Коридорот 10, здравствениот проект за болници и секако проектот за образование, за Медицинскиот факултет, а во претстојниот период ќе бараме нови проекти во секторите за енергетика и животна средина, но и други проекти секако“, изјави Николоски по потпишувањето. Министерот за извоз Томас рече дека ова партнерство „отвора ново поглавје во нашите билатерални односи со Северна Македонија“. „Велика Британија има богато искуство во испораката на висококвалитетна инфраструктура низ целиот свет и среќен сум што го започнувам ова ново партнерство што ќе им помогне на повеќе британски бизниси да извезуваат во Северна Македонија“, рече Томас. Од шесте милијарди евра финансиска рамка со Обединетото Кралство во првиот циклус од пет години ќе се повлечат околу 2,2 милијарди евра, изјави министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска во емисијата „360 степени“. „Две милијарди на пет години се по 400 милиони евра. Толку е годишното зголемување на јавниот долг по однос на овие инвестиции кои, од друга страна, ќе придонесат за раст на економијата. Никаде не пишува дека имаме задолжително повлекување на петте милијарди, а британската Влада гарантира дека Македонија кога ќе ги земе кредитите, ќе ги врати“, рече Димитриеска-Кочоска. Министерката рече дека таа не може да даде повеќе детали за парите, висината на каматата и се останато, се додека не добие готов проект на маса. „Ќе мора да седнеме и со министерот за транспорт да се разговара да каже кои се проектите и потоа ние како Министерство за финансии, покрај што ќе добиеме понуда од банката по процедурите од финансии, ќе си побараме понуда и од други меѓународни институции, затоа што тоа го налага законот. Така што, во овој момент не би можела да зборувам повеќе детали затоа што немам зрел проект пуштен во Финансии, врз основа на кој ќе барам понуда од повеќе банки и ќе излезам да кажам колку е точно каматата би било несериозно. Она што го знам и го имам како информација, се разговара за клинички во Штип, болница во Кичево и онаа брза пруга“, рече министерката Димитриеска-Кочоска.

Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.