ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Во Македонија се експериментирало на живи луѓе заразени со Ковид кои потоа умирале!? Интрa-хоспиталните инфекции не се пријавувале!

Документарецот насловен „Нечиста крв“, објавен од страна на ИРЛ (Investigative Reporting Lab) и МРТВ крена голема „прашина“ во јавноста.

Се работи за документарец во кој се претставени судбини на семејства кои во екот на ковид пандемијата се лекувале во една од најголемите приватни клиники во Македонија.

Според документарецот на ИРЛ, во Македонија се правеле експерименти врз живи луѓе заразени со коронавирус. А интерхоспиталните инфекции не се пријавувале кај надлежните

Истражувањето го следи патот и методологијата на функционирање на еден од најскапо платените доктори (но и клиники) во државата – д-р Жан Митрев.

Истражувањата се базираат на 24 пријави од страна на граѓани од Северна Македонија и Косово, а истите биле истражувани речиси две години.

Дали методот на хемофилтрација кој во клиниката на Жан Митрев се наплаќал од три до пет илјади евра бил одобрен за Ковид лекување и други контраверзни теми поврзани со сопственикот на клиниката можете да ги проследите во најновото истражување на ИРЛ.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.