ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Во коалицијата на СДСМ се уште се преговара кои имиња од коалициските партнери ќе се најдат на листите

Министерот за надворешни работи Димитров и вицепремиерката  Царовска во избрна единца 1, трехничкиот премиер Спасовски со директорката на УЈП  Лукаревска во Двојката, партискиот генерален секретар Николовски со пратеничката Шахпаска во Тројката, лидерот Заев и Мираковска од НСДП во Четвртата изборна единица, министерката за одбрана Шекеринска и координаторот на пратеничката група  Митрески во Петката и лидерот на БЕСА Касами со ново име од СДСМ – Фаница Николовска. Ова се паровите – носители на пратеничките листи што вчера беа утврдени од Конгресот на владејачката СДСМ.

Конечните листи не се готови. Не се откриваат имињата од коалициските партнери, иако според шемата на СДСМ во првите десет позициции во Шесте изборни едници 20 места припаѓаат токму на нив.

Освен Морачинин, од ДОМ кандидирани се уште тројца, објави партијата. Но извори од СДСМ вели дека тројцата не се на високи позиции.

Коалициската БЕСА осовен Касами, вели дека добила уште три добитни позиции, меѓу нив и пратеникот Фадил Зендели. Освен Мираковска, на добитна позиција од НСДП бил ставен и Мисовски во третата изборна единица. ЛДП предложила двајца кандидати Боби Мојсоски и Моника Зајкова, но само еден бил на добитна позиција.

На листата во добитните места на СДСМ се и неколкумина пратеници од СДСМ од претходниот состав, како Мухамед Закири, Диме Велковски и Снежана Ванчева Калеска. Меѓу добитните позиции се и пратениците Зекир Рамчиловиќ и Панчо Минов кои од листите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ преминаа на страната на СДСМ.

На листата ги нема министерот за здравство Венко Филипче и министерката за правда Рената Дескоска, а во јавноста имаше реакција дека на овие листи нема преставници од подмладокот на СДСМ.

Николовски вели дека немало завелешки на листите на вчерашниот Централен одбор и Конгрес. Атмосферата била конструктивна и еуфорична.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак, вечерва ќе ги утврдува листите на Централен одбор.

Партиите имаат рок до четврток на полноќ да ги пријават кандидатските листи за изборите на 12 април до Државната изборна комисија.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.