ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Во Кавадарци формирано ново земјоделско здружение

Повисока откупна цена на грозјето од годинашнава реколта побараа претставници на ново формираното земјоделско здружение „Тиквеш, лозаро-овоштари“. Тие денеска на прес конференција го истакнаа ова барање и направија своја промоција. Кажаа дека ќе бараат поддршка од сите политички партии, но она што може да се заклучи доколку се погледне раководната структура е дека најголем дел од првите луѓе се блиски до опозициската партија.

Раководството на новото здружение не е задоволно од застапувањето на правата на лозарите од „Напредни лозари“ и затоа се одлучиле да формираат ново здружение.

Бараат од визбите за вранецот да платат 18 денари, а з смедеревката 17 денари.

-Се здруживме за заеднички да се залагаме за правата на земјоделците, без разлика дали се тие лозари, овоштари или градинари. Проблемите да ги решаваме заеднички. Еве во моментов имаме проблеми со наводнувањето и се обидуваме да го надминеме тоа“ вели Златко Стојчев, лозаро производител кој одгледува винова лоза на триесет хектари и прв човек на новото здружение.

Тој најави дека ќе бараат средба со градоначалниците од тиквешкиот регион и формирање на тело кое понатаму ќе разговара со откупувачите и институциите.

Стојчев смета дека годинава ќе има вишок од триесет килограми грозје во земјава, но вишокот немало да биде проблем, туку сеуште проблем е цената која не е објавена по која ќе се купува родот.

Стручњаците коментираат дека политиката мора веднаш да се тргне од аграрот, бидејќи правела поделеба на земјоделците, а со тоа и диркетна штета кон нив.

„Имаме премногу здруженија. Дел од нив се формирани со поддршка на политички партии, а дел поради лични интереси. На тоа мора да се стави крај. Потребно е едно земјоделско здружение во земјава кое ќе ги застапува интересите на земјоделсите“ вели професор д-р Ристо Вучков.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.