ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Во Босна и Херцеговина уште 1.058 заразени, починаа дури 42 пациенти

Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа тестирани се 3.727 примероци, а позитивни биле 1.058.

Пријавени се 42 нови смртни случаи. Ден порано беа пријавени нови 1.170 заразени, а починати 36.

Во Федерацијата има 679 позитивни на корона вирус или вкупно досега од 484.414 тестирани позитивни биле 93.204.

До денеска излечени се 80.115 пациенти, а активни се 10.135. Пријавени се нови 29 смртни случаи, или вкупно 2.954.

Во Република Српска тестирани се 1.165, а позитивни биле 351 случај.

Во последните 24 часа во РС пријавени се 11 смртни случаи или вкупно 2.349.

Досега од Ковид-19 во РС потврдени се 46.374 случаи,а оздравеле 37.036.

Во Брчко регистрирани се уште 28 новозаразени од тестирани 57. Починале две лица.

Поради зголемување на новорегистрирани случаи во последниот период, во Сараев на сила е затворање што почна вчера во 20 часот и ќе трае до понеделник до 7 часот наутро.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.