Во Белгија починаа 11 лица од невремето, а во Германија има најмалку 59 жртви
Расте бројот на загинати и исчезнати по силното невреме и катастрофалните поплави што ја зафатија Белгија и Германија.
Бројот на жртви од поплавите во јужниот дел на Белгија, најголеми во последните 20 години, се искачи на 11 лица, а во јужниот дел на Белгија, се уште се трага по тројца спасувачи чиј брод се превртел во каллив поток“,спасувачките екипи користат моторни чамци и хеликоптери за да ги евакуираат луѓето.
Во меѓувреме, властите во областа Ахрвејлер во западната германска покраина рајнска област-пфалц соопштија дека најмалку 1300 лице се исчезнати и за нив нема никаква информација. Само во областа на окружниот град Бад Ноенахр-Ахрвајлер, од утрово имало околу илјада повици, а операциите за спасување продолжуваат. Во Германија досега се потврдени најмалку 59 жртви. Состојбата со надојдените реки е алармантна и во холандија. Тамошните власти повикаа илјадници луѓе во Холандија да ги напуштат своите домови.