ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Во Албанија се одржуваат 8-ми по ред парламентарни избори по падот на комунизмот

Во Албанија денеска се одржуваат парламентарни избори осми по ред во последните 29 години , по падот на комунизмот во земјата. 

По тензичната предизборна кампања проследена со низа скандали,престрелки и убиство, околу 3.6 милиони албанци на денешните парламентарни избори бираат кој ќе раководи со Албанија во наредните четири години. За 140те места во Парламентот се борат кандидати од 12 политички субјекти; меѓу нив е и македонецот Васил Стерјовски кој се најде на листата на Социјалистичката партија на премиерот Еди Рама која е фаворит на изборите по што следат Демократската партија на Љуљзим Баша и Социјалистичкото движење за интеграција на претседателот Илир Мета.

Кратко по гласањето Рама изјави дека денеска е убав ден за граѓаните да го изведат својот пенал и да гласаат. И Мета ги повика граѓаните масовно да излезат и да ги изберат најдобрите кандидати.

„Ова е многу убав ден. Фантастичен ден, денеска е ден во кој не треба да се негуваат негативни чувства кон секој што со својот глас ќе изрази поинакво мислење. Денеска сме големо семејство во една татковина.

„Еднаквоста пред законот се гарантира само со еднаквоста на гласот. Секој граѓанин треба слободно да гласа за она во што верува, како и за кандидатот. Изберети ги најдобрите и најискрени кандидати.

Избирачкото право го оствари и премиерот на Косово Албин Курти кој денешното гласање го нарече ден на демократијата и посака убава иднина полна со благосостојба за Албанија

„Ги повикувам сите граѓани да ја почитуваат татковината, со гласање да го направат најдобриот избор. Ви посакувам убави денови и благосостојба и на секој човек кој, исто како мене има албански пасош.

Денешните избори се сметаат за едни од најклучните во земјата по падот на комунизмот во 1990тата, истите под будно око ги следи Брисел за кои овие избори се од огромна важност за отворање на пристапните разговори на земјата со Европската Унија.

На денешните избори им претходеа низа скандали меѓу кои најголем е оној на претседателот Илир Мета кој влезе во вербален дуел со американската амбасадорка во земјата Јури Ким откако изјави дека знае дека ќе бил убиен од Американците.

Ве молиме следете не и стиснете лајк
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.