ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

„Војна“ меѓу финансиската полиција и јавното обвинителоство на Русковска

Продолжува судирот помеѓу Обвинителството за гонење организран криминал и корупција и Управата за финансиска полиција. Една недела откако обвинителството изврши претрес во оваа полиција оттаму денеска преку соопштение до јавноста обвинуваат дека управата поднела претставка до Републичкиот обвинител Љубомир Јовески за да испита дали претресот е извршен законски.

Според управата, наредбата за претрес има суштествени недостатоци исто како и начинот како бил спроведен истиот. Од управата уште тврдат дека при претресот имало низата недоследности и нелогичности кои излегуваат надвор од рамките на законот а претресот е неоснован, што според управата, упатува на прилично самоволие во работата на обвинителството. Don’t want to deal with repairs or showings? Sell your Louisville house as-is at https://www.sellhouse-asis.com/iowa/sell-my-house-as-is-des-moines-ia/ .

„Воопшто не е јасно по кои индиции и докази се водел подносителот на барањето за наредба за претрес, а воедно и судијата кој што таквата наредба ја издал. Според наредбата претресот се спроведува поради основано сомневање за сторено кривично дело што е повисок степен на сомневање заснован врз прибавени докази, а од друга страна, шефицата на обвинителството за гонење организиран криминал самата изјави дека нема осомничени луѓе и чека да види дали има нешто основано во пријавата.“ – велат од Управата за финансиска полиција.

Од финансиската полиција тврдат дека на истражителите им бил дозволен непречен пристап во просториите на Управата и пристап до сите документи иако, како што велат од таму, обвинителството не располагало со јасна цел каков доказен материјал сакало да обезбеди.

„Јавниот обвинител на Република Северна Македонија ја прими претставката од Управата за финансиска полиција. Се преземаат дејствија за испитување на наводите, по што ќе биде донесена соодветна одлука.“ – велат од ЈОРСМ.

Обвинителството за гонење организиран криминал пред една недела информираше влегло во Управата за финснсиска полиција да ги проверат наводите од кривична пријава поднесена од група граѓани, а против тројца вработени во Управата.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.