ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

ВОЗДУШНИ НАПАДИ ВО ГАЗА

Повторно судир меѓу Израел и Хамас. Еден месец откако беше постигнат мировниот договор меѓу двете страни, авиони на израелската армија повторно нападнаа неколку места во појасот газа..Нападите, кои се први за новата израелска влада предводена од Нафтали Бенет, кој го замени долгогодишниот премиер Бенјамин Нетанјаху, следат откако членови на Хамас пуштиле голем број на огнените балони, кои предизвикале пожари на израелското земјоделско земјиште.

Од Хамас велат дека жестоко ќе одговорат на новите провокации на Израел и ја обвинија новата влада дека продолжува да се движи по истата насока како и нивните претходници…

„Израелското бомбардирање на позициите на силите на отпорот е претстава која се изведува за новата Влада да го поправи моралот на своите војници и заповедници.“ – изјави портпаролот на Хамас, Февзи Берхум.

Пред десетина дена, Израел употреби шок-бомби и водени топови за да ги растера палестинските демонстранти кои се собраа пред портата Дамаск во Стариот дел на Ерусалим, на местото каде се одвиваа неколкунеделните протеасти кои и претходеа на последната војна меѓу двете страни.

А во период кога повторно се заострува судирот во појасот Газа, Израел најави дека ќе и даде на Палестинската управа 1,2 милиони дози вакцини на компанијата „Фајзер“  кои ќе бидат наменети за жителите на Западниот брег и Појасот Газа. Според палестинското Министерство за здравство, повеќе од 400 илјади Палестинци на тие територии примиле барем една доза на вакцина.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.