ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Воен удар во Мјанмар, војската ја презела власта

Војската на Мјанмар утринава ја презеде власта со државен удар, откако ја уапси нобелковата Анг Сан Су Чи, која се смета за фактички лидер на земјата, како и неколкумина други политичари и воени лица.

Пучот доаѓа на денот кога Парламентот требаше да почне со работа, првпат по изборите од ноември мината година, кои војската не ги призна како регуларни. Војската денешната акција ја објасни како одговор на изборната измама и истровремно воведен воена состојба во траење од една година, а власта му е предадена на главниот командант на оружените сили, генерал Мин Анг Хлаингу.

Претставник на партијата на уапсената Су Чи, утринава кусо бил во комуникација со висок партиски член, кој ги потврдил апсењата, а и самиот очекувал да биде уапсен од војската..

„Во неговата позадина се слушаше врева и многу луѓе што разговараа. Телефонската линија се исклучуваше повеќе од еднаш, се обидов да му пишам пораки и кога конечно го добив звучеше релативно уморно. Го прашав повторно има ли воен удар во Мјанмар, можеше само да ми каже дека она што го знае е дека до овој момент државниот советник Аунг Сан Су Чи, Претседателот Вин Минта како и неколкумина политички лидери биле уапсени од армијата. Тој рече дека моментално се наоѓа во Јенгон и дека и тој слушнал дека војската на Мјанмар го бара него и дека во моментот е дома чекајќи да дојдат по него.“ изјави Леонг Ваи Кит, Национална лига за демократија.

Мјанмар, порано познат како Бурма, беше под воена власт до 2011 година, кога почнаа демократските реформи.Аунг Сан Су Кји беше во притвор од 1989 до 2010 година и во меѓувреме доби Нобелова награда за мир. Нејзината партија убедливо победи и на првите избори во 2015, но иако уставот не ѝ дозволуваше да биде претседател, таа важеше за фактички лидер во земјата.

Меѓународната заедница упати жестока осуда за пучот во Мјанмар.Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш го повика военото раководство да ја почитува волјата на народот искажана на последните избори. Премиерот на Велика Британија, Џонсон порача дека „притворањето на цивили, вклучувајќи ја и премиерката Аунг Сан Су Чи, е недозволиво, а Претседателот на Европскиот совет шарл Мишел побара итно ослободување на сите кои беа приведени од армијата во рациите низ целата земја.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.