ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Воведени нови ограничувања на Миконос,рестораните и баровите без музика

На популарниот грчки остров омилен меѓу светскиот џет сет Миконос воведени нови ограничувања.

Владата на Грција од денеска ја забрани музиката во рестораните и баровите и воедно го ограничи движењето на туристите на популарниот Миконос. Новите ограничување се воведени по порастот на бројот на заболени од корона вирусот во овој дел на Грција.

По „загрижувачката“ локална емидемија министерството за цивилна заштита на Грција соопштило дека од денеска се забранува музика на островот и се воведува забрана за движење од 01 до 06 часот. Движењето ќе им биде дозволено само на лицата кои одат или се враќаат од работа, или имаат здравствен проблем поради кој мора да посетат медицинска установа, пренесе Ројтерс.

Овие рестрикции ќе бидат на силе до 26 јули.

Миконос е познат како остров за забава на богатите, и како една од најпопуларните дестинации за членовите на шоубизнисот. Секоја година на Миконос летуваат околу милион гости.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.