ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

ВМРО обвинува дека ќе платиме најскап автопат, СДСМ тврди дека блокадата на опозицијата само ќе ја поскапи изградбата

Со 25 милиони евра за километар – земјава ќе биде лидер по најскапо платен автопат, обвинува ВМРО ДПМНЕ. Се сомнаваат и дека со изградба на Коридорите 8 и 10Д од 200 до 300 милиони евра ќе завршат во приватни џебови. Со менувањето закони кои веќе се услогласени со европското законодавство, се кршат законите и нормите кон европското членство. Спорно за нив е и зголемувањето на работната недела, која со закон е загарантирана да биде 40 часа.

– Тоа што е евидентно е дека не километар, туку еден метар автопат не е изграден, а Македонија веќе платила повеќе од 100 милиони евра. Второ што е ноторен факт е дека владата во самиот договор преземала обврски коишто се противуставни, коишто го нарушуваат целиот правен поредок на државата и сето тоа сака да го помине во Собранието со европско знаменце, процес против кој застана и самата ЕУ. Тоа што ние го кажуваме е дека Македонија ќе добие историска висока цена за овие автопати што по овој договор кој што го вклучила Владата веројатно ќе излезе дека 1 километар автопат ќе биде околу 25 милиони евра. И тоа што секој граѓанин е разочаран е што никако владата да го презентира тој договор пред јавноста, изјави Тимчо Муцунски, ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ пак смета дека кога станува збор за вакви инфаструктурни проекти, опозицијата со блокада на законите во Собранието, нема да добие ништо, освен што изгрдбата ќе чини поскапо.

– Ова е клучен, стратешки инфраструктурен проект. Доколку се дозволеше да продолжат блокадите немаше да добиеме ништо, напротив. Придобивките се големи и ние многу пати сме зборувале за тоа, побрзо, поефикасно и поевтино да може да се заврши, рече Сања Лукаревска, СДСМ.

Вчера официјално стартуваа градежните активности за изградба на автопатот Прилеп – Битола. Делницата, во должина од 39 километри, треба да биде изградена за 57 месеци. Кога ќе почне механизацијата на Коридорот 8 – се уште нема најава. Се чекаат законите кои треба да ги донесе Собранието. Дебатата ќе трае уште најмногу 10 тона дена по што ќе треба да бидат усвоени на пленарна седница. Само изградбата на 108-те километри автопатски делници предвидено е да чини 1,3 милијарди евра и уште најмалку 300 милиони евра за експропријација на земјиштето.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.