ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе амадмани на Законот за јазици – влада нема да дозволи враќање на состојбата од 2001-ва

Македонија како држава кандидат за членство не може да си дозволи да не го почитува мислењето на Венцијанската комисија за законот за јазици, уверуваат високи владини извори. Сепак, тие не прецизираат како тоа ќе биде направено.

Заострената реторика на владините претставници на ДУИ дека секое отворање на законот за јазици или одлука на Уставен суд би значело враќање на состојбите пред 2001 година, владините извори ја препишуваат на најавените предвмрени избори.

–  Владата нема да дозволи да се врати состојбата во македонско-албанските односи како пред 2017 година, не пак, како прд 2001 година – уверуваат владините извори.

Вицепремиерот Бујар Османи кој го бранеше законот за јазици денеска ги изостави заканите, но остана на ставот дека измени на зкаонот ќе нема.

Од ВМРО-ДПМНЕ остануваат на тоа дека ќе поднесат законски измени на законот за јазици.

Еве прилика Заев и СДСМ да излезат од матрицата која сите не носи во слепа улица и да прифатат се она што Венецијанската комисија го укажува за овој закон, согласно европските пракси и искуства, а што ќе го преточиме во амандмани. Нека излезат од стегите на лагите и манипулациите, и од праксата на злоупотреба на чувствата на Македонците и Албанците. Ова не е борба на суети, ова е борба против поделбите кои ги носат, против лагите кои ги вкоренуваат – изјави Мицкоски.

Измените што ги подготвува вмро-дпмне се уште не се готови, но од пратеничката групша најавуваат дека тие ќе бидат поднесени и изгласани во овој пратенички состав.

Венецијанската комисија во петокот го донесе, а вчера попладне и  го достави конченото мислење за зкаонот за јазици со препораки за негово ревидирање.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.