ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

ВМРО-ДПМНЕ: Фирмата на Ковачевски и кумот заработила 2 милиони евра само од државни тендери

Соларниот картел составен од Ковачевски и кумот Паунов е создаден и почнува да врти милиони со доаѓањето на СДСМ обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеникот, Миле Лефков посочи дека аферата „Броило“ покажува како мала група длабоко вгнездена во највисоките структури на власта тргувала со влијание за стекнување на сопствена корист. Покрај од државни тендери, опозицијата обвини дека фирмата на кумот на премиерот Ковачевски, додека тој беше на функција заменик-министер за финансии, склучила договор и со ЕВН, кој се однесува на изградба на фотоволтаични панели, а тежел над два милиони евра. 

Премиерот возврати дека Мицкоски преку своите пратеници креира лаги и клевети како што е случајот со аферата „Броило“. Ковачевски му порача на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да се извини за како што рече двонеделните обвинувања доколку не адвокатскиот тим ќе ја разгледа можноста за тужба за навреда и клевета. 

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека во СДСМ очигледно се нервозни, приризнавајќи дека фирми од опкружувањето на Ковачевски земале државни пари, и сега не знаат како да се исперат пред јавноста. Ковачевски возврати дека секој човек мора да функционира врз одредени етички норми и оцени дека конструкциите на ВМРО-ДПМНЕ и фабрикуваните невистини се „најдолни лаги“.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.