ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива за распуштање на Собранието

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива за распуштање на Собранието на 12 април, откако претходно од партијата рекоа дека нема да дозволат одложување на изборите.
„Денеска ќе ја доставиме иницијативата Собранието да се распушти на 12 април. Тоа следува по изјавите на Зоран Заев дека ако не се усвои Законот за јавно обвинителство, распуштањето на Собранието би можело да се одложи. ВМРО не го избегнува донесувањето на законот за ЈО, но Зоран Заев сака да избегне одговорност пред законот. Ги повикуваме и другите партии да ја поддржат нашата иницијатива“, изјави пратеникот од опозицијата, Никола Мицевски.
Ве молиме следете не и стискајте лајк: