ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

ВМРО-ДПМНЕ нема да ги поддржи законите за данокот за солидарност, за ДДВ и за добивка, што ќе се носат со европско знаменце

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да ги поддржи законите за данокот на солидарност, за ДДВ и за добивка, кои како што е најавено, ќе се носат со европско знаменце. Пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција истакна дека тие ќе ги искористат сите деловнички можности за да ги разубедат колегите пратеници преку јавна и стручна расправа со сите заинтересирани страни дека со овие закони штетата по македонската економија и животниот стандард на македонските граѓани е огромна.

Со трите европски закони, како што вели тој, се најавува даночна реформа која што е во спротивност со интересите на граѓаните и стопанството. Според Стојановски ДДВ за храната не треба да има, ДДВ-то на струјата да биде пет проценти се додека инфлацијата не се врати во нормала. Вели дека треба да се очекува зголемување на ДДВ-то за 10 отсто за одредени прехранбени производи. Со законот за ДДВ, посочува тој, ќе се зголеми и цената на пелетите кои ќе се даночат со стапка од 18 отсто наместо сегашните пет.

-Со данокот на добивка се уништува спортот со укинувањето на спортските ваучери. Дополнително, покрај постојните казнени одредби од законот за данок на добивка, УЈП ќе има можност и за дополнителни пенали за фирмите кои ќе бидат петкратно поголеми од износот на инвестициите за кои инспекторот ќе смета дека се непотребни, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.