ВМРО-ДПМНЕ: Зошто досега за спорните пасоши не е побарано да бидат поништени
Повеќе од 5 години Оливер Спасовски е министер за внатрешни работи, а Зоран Заев премиер.
Стотици и стотици криминалци од целиот свет и низ целиот свет се шетаат со македонски пасоши издадени токму од министерството со кое тој раководи и во чие време издал пасоши за кои криминалци се осудуваат во други држави. Ниту Спасовски ниту Заев ниту пак обвинителството никогаш немаше да мрднат со прст за оваа криминална активност да не беше обелоденувањето од страна на ВМРО-ДПМНЕ на аферата мафија.
Зошто досега ниту еден од спорните пасоши со кои овие нарко босови шетаат низ светот не се прогласени за неважечки? Зошто досега Спасовски не ги известил полициите ширум светот дека пасошите како оној на Седат Пекер е неважечки?
Оваа афера мафија не е можна без знаење на водечките структури во МВР. Секој новоиздаден пасош се „активира” со отисокот од прст при подигање на патната исправа. Ако тоа не го направат лично – пасошот е непрепознатливо тефтерче. А за да се активира без отисок може само некој од повисоките структури – а тоа не се тие што сликаат и процесираат документи, туку раководните лица поставени од Спасовски.
Зоран Заев и Оливер Спасовски се директно одговорни што овие криминални групи им бил овозможено со македонски документи да продолжат со своите криминални дејанија ширум регионот и светот.
Спасовски и Заев треба да одговараат за криминална поврзаност со мафијашки босови и нарко картели.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ