ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

ВМРО-ДПМНЕ ги обвини Весковски и Шилегов за наместен тендер. Водовод тврди смешни и трагикомични клевети

Прво реконструкција, па потоа добивање тендер. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека фирма блиска на власта прво реконструирала улицата „Варшавска“ во Карпош, а дури потоа ЈП „Водовод“ распишала тендер за да се одбере најповолен економски оператор. Портапролот Димче Арсовски вели дека директорите на Јавните претпријатија на Град Скопје тонеле во криминал и местеле тендери.

-ЈП Водовод и канализација, Душко Весковски директорот одлучуваат да ја реконструираат водоводната мрежа на улица „Варшавска“ во Карпош и реконструкцијата ја започнуваат на ден пред избори на 14-ти јули 2020-та година и реконструкцијата внимавајте ја започнува и ја прави фирмата КБК Инженеринг. КБК Инженеринг почнува со работа на 14-ти јули, но почнува без да има одбирање на најповолен понудувач за која од овие 5 фирми да ја добие работата. Фирмата ја завршува работата во втората половина на август, одлука за најповолен понудувач помеѓу овие пет фирми се уште нема. Одлука за најповолен понудувач се носи дури на 6-ти октомври, а договорот е потпишан на 9-ти октомври помеѓу Водовод и КБК Инженеринг за реконструкција на водоводна мрежа на улица „Варшавска“, која што веќе е завршена, вели Арсовски.

Директорот на Водовод вели дека станува збор за смешни и трагикомични клевети. Вели, реконструкцијата е спроведена согласно законските прописи и градежни стандарди и нормативи. Весковски во писмен демант напиша дека врз основа на усвоена инвестициона порграма и годишен план за работа спроведена е постапка за јавна набавка, по што била склочена рамковна спогодба.

-По добиеното одобрение  за реконструкција во месец јули 2020 година од Општина Карпош, е спроведена постапка за јавна набавка за склучување на посебен договор преку јавно негативно аукциско наддавање, при што наведената фирма е избрана за најповолен понудувач. Во спроведенета постапка останатите четири учесници немаат вложено жалба за изборот на најповолниот понудувач. По склучениот посебен договор, фирмата е воведена во работа и започнала со извршување на градежните активности, што може да се утврди од градежните дневници и книги, кои се потврдени и одобрени од страна на овластен градежен надзорен орган. Градежни активности од посочената фирма не се започнати без претходно слкучен посебен договор, се вели во демантот.

Арсовски вели дека во наредниот период ВМРО-ДПМНЕ ќе објавува докази и документација за целиот случаи, што, како што рече, ќе докажат дека овој тендер е наместен. Весковски, пак, бара портаролот на опозициската партија да се извини, во спротивно ќе поднесат тужба.

Please follow and like us:
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.