ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

ВМРО-ДПМНЕ: Владата планира долгот да го качи на 9 милијарди евра следните години

Владата планира да го качи јавниот долг 9 милијарди евра. Според Стратегијата за управување со јавниот долг на Министерството за финансии, Заев, Ахмети и Бесими планираат нето-долгот да го зголемуваат за нето-сума (чист долг без отплати) од половина милијарда евра годишно. За да го постигнат ова што го смислиле, ќе користат и нови инструменти за задолжување, како „зелени обврзници“, кои ги споменуваат во Стратегијата.   

Она што е најтрагично/најиритантно во целата работа е дека е ова е дури „најрозовото сценарио“. Ова е нереалната „најповолна опција“, која реално ќе биде многу полоша – имајќи ја предвид растрошната природа на оваа влада и нејзината економска неспособност. 

Имено, владата го планира ова задолжување врз основа на проектирани стапки на континуиран повеќегодишен раст од 5% раст и повеќе од БДП – стапки кои реално нема капацитет да ги постигне, за што сведочат низа извештаи од меѓународни финансиски институции и кредитни агенции, кои лимитот за економскиот раст на економијата на Република Македонија на среден рок го сетираат на 3%. 

Исто така, Влада го проектира овој долг врз нереално ниски буџетски дефицити – разликата на приходи и расходите во буџетот, кои треба да се покријат со задолжување. Реално, планот е да се дуплираат дефицитите, како што се случи и со овогодишениот ребаланс. Ова значи нови стотици милиони евра задолжувања.

Согласно агендата на Владата, во следните неколку години долгот ќе се дуплира и во апсолутен износ и како процент на БДП. Парите како и досега, ќе се трошат на луксузирање и остварување на партиската агенда на СДСМ и ДУИ.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Please follow and like us:
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.