ВМРО-ДПМНЕ: АЛТЕРНАТИВА МОЖЕ ДА ОСТАНЕ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ
По средбата на лидерите на СДСМ и Алтернатива, Зоран Заев и Африм Гаши околу можноста за идно коалицирање, денеска молк од владејачките партии. Со свои критики по ова прашање излегоа партиите од опозицискиот блок. Од ВМРО-ДПМНЕ, изразија жалење доколку од Алтернатива одлучат да им се приклучат кон владејачката коалиција и посочија дека партијата од албанскиот блок моментално на маса има две опции.
Во врска со евентуалното коалицирање на Алтернатива со власта, од Левица велат дека сето тоа се уште се базира на хипотези, но посочуваат и дека сите активности на владејачката гарнитура се одвиваат на нечесен начин и тие не се изненадени.
Додека се очекува преговорите помеѓу Алтернатива и СДСМ да продолжат во текот на следната недела, премиерот Зоран Заев најави дека во вторник ќе го свика Централиот одбор на СДСМ за даму биде потврдена оставката која ја најави по вториот круг од локалните избори.