ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Влегува во употреба бројот за итни случаи 112

Со вртење на единствениот телефонски број 112,  граѓаните на кои им треба помош, ќе ги добијат сите услуги за итни случаи. Преку еден повик, наместо досегашните 4 броја, ќе бидат достапни полицијата, брзата помош и  протипожарната екипа. Повикот ќе се прима преку Центарот за управување со кризи, од каде ќе се пренасочува кон останатите служби.

-Ако на пример се случи тешка сообраќајна незгода каде има тешко повредени патница, операторот ја гледа локацијата, дури и ако лицето зборува нејасно. Веднаш се праќа полициска патрола, здравсво праќа – итна медицинска помош, а ако е потребно и треба да се интервенира со сечење или има пожар, се праќаат и противпожарни единици, изјави Стојанче Анѓелов, директор на ЦУК.

Дел од опремата за функционирање на системот, вредна 2,3 милиони евра, е донација од Европската Унија, каде со години се применува истиот број за итни случаи.

За почеток линијата ќе функционира само во Скопје, но Ангелов се надева дека за 10тина дена ќе биде достапна низ цела држава.

Проектот Европски број за итни случаи почна да се имплементира пред 15 тина години, односно уште во 2006та, кога се набави дел од опремата и се формира Центарот за управување со кризи. Но до 2016 не започна со реализација, се до пред неколку години кога повторно се актуелизираше ова прашање. Инаку уште најмалку една година ќе продолжат да важат телефонските броеви 192, 193 или 194.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.