Владимир Талевски доби 8 години затвор за Транспортер
Кривичниот суд му пресуди 8 години затвор на поранешниот градоначалник на Битола Владимир Талевски за злоупотреба на службената положба во предметот „Транспортер“ а поранешниот раководител во општината Слободан Бончановски доби 6 ипол години затвор. Во предметот Транспортер за ученичкиот превоз во Битола, од вкупно 21-те обвинети, 11 мина добија ефективни затворски казни во висина од 2 години и два месеца до 3 години и 3 месеци. Меѓу нив се претежно претставници на транспортни фирми преку кои се реазлизирал превозот . 10 мина обвинети пак добија условни казни најголем број односно 8 мина биле директори на основни училишта во општина Битола. На предлог на обвинитлството, судечкиот совет одлучи Талевски и Бончановски да бидат во домашен притвор а останатите обвинети добија мерки на претпазливост.
Обвинетите одговараат за кривично дело злоупотреба на службена положба со што предизвикале штета од над 550 илјади евра. Имаат право на жалба пред Апелација . Наизрекувањето на пресудата не дојде Талевски. Присутвуваа само неколкумина адвокати и обвинети и обвинителите Љубомир Лапе и Трајче Пеливанов.
Судијката Добрила Кацарска читајки ја првостепената пресуда речиси еден час во детали објаснуваше зошто јавната набака за ученички превоз во Битола била незаконска и што преземале обвинетите.